×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липково ќе добие 50 милиони денари за изградба на водоводна мрежа во Липково и Оризаре

    12.11.2020 12:40 | KumanovoNews

    Министерството за животна средина ќе додели 165 милиони денари на девет општини за реализација на проекти од животната средина. Финансиските средства, како што информирааат од Министерството, се обезбедени со последниот ребаланс на Буџетот кој пред два дена беше усвоен во собраниска процедура.

    Липково ќе добие 50 милиони денари за изградба на водоводна мрежа во Липково и Оризаре

    Најголем дел од средствата, 49,9 милиони денари, ќе добие општината Липково, од кои 21 милион за завршување на секундарната мрежа за вода за пиење во селото Липково и 28 милиони за завршување на секундарната мрежа за вода за пиење во селото Оризаре, - пренесува мета.мк.

    На општина Струга ќе и бидат доделени 39 милиони денари, кои како заеми се земале од општинскиот буџет за колекторскиот систем од НПН „Проаква“.

    За чистењето на дивите депонии во Визбегово ќе бидат наменети 20 милиони денари, исто колку и за реконструкција на водоводи во општината Чаир.

    Десет милиони денари ќе добие општината Сарај за реализација на систем за водоснабдување во Горно Свиларе и дополнително проширување на работата на резервоарот во Долно Свиларе. Крушево девет милиони ќе намени за изградба на водовод, Тетово 7,5 милиони, а Пробиштип пет милиони денари. За изработка на техничка документација за системот за водоснабдување општина Ресен ќе добие три милиони, а Маврово и Ростуше два милиони за чистење на дивите депонии.