Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Липково ќе биде првата општина во земјава која ќе биде целосно покриена со смарт броила за електрична енергија.
Од ЕВН велат дека во Слупчане проектот оди глатко и веќе се привршува така што општина Липково ќе биде општина целосно покриена со смарт броила. Загубите на струја во целата општина се под 10 проценти, едни од најниските на ниво на цела Македонија.
Поставувањето на новите броила беше причина поради која жителите на Слупчане еден месец ја блокираа работата на екипите на ЕВН во селото. Откако се постигна договор работите продолжија.
Најмногу загуби на струја има во Скопје и изнесува 20 проценти.