Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од електротехничка струка од повеќе средни училишта од Македонија патуваа и изведуваа практична работа две недели во познати компании во Португалија.
Меѓу нив се ученици од СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, ОСТУ„Наце Буѓони“ од Куманово, РЦСОО „Моша Пијаде“ од Тетово, СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје, и СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје.
„Овој проект ги зајакна техничките и професионалните вештини на учениците и наставниците од средните стручни училишта преку имплементација на стекнатото теоретско знаење во реална средина, во согласност со нивната струка. Сето ова придонесе за развој на индивидуалните квалификации на учениците и можноста за натамошното вработување во нивниот сектор“, истакна професорката Драгана Стојановска од „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.
Покрај стекнатите практични вештини, учениците научиле повеќе и за португалската култура, начинот на живот, стекнаа нови пријателства, разменуваа искуства и ги запознаа културно историските знаменитости на Португалија.
Обуката на средношколците е овозможена преку проектот Европски компетенции ЕУКОМП на СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, во рамки на програмата ЕРАЗМУС +, акција КА102 – мобилност на ученици и вработени/ кадар во стручно образование и обука, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во координација на Институтот за развој на заедницата – ИРЗ Тетово и во партнерство со училиштата.