×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Малиот Ајдин - мост за пријателство и збратимување помеѓу Крива Паланка и Сребреник

    22.12.2023 15:56 | Жаклина Цветковска

    Малиот Ајдин Османовиќ од Сребреник , БиХ, кој стана  познат по  својата извонредна изведба на традиционални македонски песни на социјалните мрежи и кого го нарекуваат  бисерно грло, е мостот врз кој почна да се гради пријателството помеѓу општина Крива Палнка и Градот Сребреник.

     

    Малиот Ајдин  -  мост за пријателство и збратимување помеѓу Крива Паланка и Сребреник

    Соработката денеска резултираше со потпишување на договор и Повелба за збратимување помеѓу двете општини.

    „Нашата врска започна пред 8 месеци кога го слушнав малиот Ајдин на социјалните мрежи, во придружба на неговиот професор Јасмин Брашњиќ. Веднаш воспоставивме контакт и ги поканив да бидат гости на Крива Паланка , по повод Денот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“. Оттогаш соработката се интензивира и на огромно задоволство нашето пријателство се официјализира преку збратимување на нашите две општини. Со овој чин потврдуваме дека културата и традиција се најголeми амбасадори на еден народ и држава. Чест ми е што иницијативата започна со музика која не познава граници и што прв официјален настап на Ајдин е Крива Паланка, која ќе биде запишана во неговата голема музичка кариера“, рече градоначалникот на Крива Палнка Сашко Митовски, на свечената седница по повод збратимувањето.

    Целта на новото  пријателство и збратимување е градење блиски врски, споделување на знаење и размена на искуства во повеќе области.

    „Сребреник е историска колевка на  босанскиот дух и култура, град во кој националниот идентитет не претставува ниту товар , ниту олеснување. Како таков е парадигма на соживотот за целата БиХ. Како град на културата и  традицијата, Сребреник во многу краток период  разви искрено пријателство со Крива Паланка што се надеваме ќе доведе до конкретни придобвики и ќе работиме во корист на нашите локални заедници“, посочи градоначалникот на Сребреник,  Аднан Бјелиќ.

    На свeчената седница за збратимување присуствуваше и амбасадорот на БиХ во Македонија,  Драган Јаќимовиќ.

    Малиот Ајдин, со својот професор  Брашњиќ и градоначалникот Митовски, вчера остварија средба и со претседателот Стево Пендаровски на која се разговараше за културната размена и промоцијата на нашето нематеријално наследство и традиција.  

    Сега 13-годишното момче од БиХ, придружувано на пијано од неговиот професор Јасмин Брашњиќ,  стана познато по изведбата на бројни македонски песни како Зајди, зајди, Јовано, Јованке, Јано, мори и други, кои ги пее со големи емоции. Го нарекуваат босански славеј и момчето со бисерен глас.