Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Акцијата за превентивни гинеколошки прегледи во руралните средини од понеделник продолжува во општина Старо Нагоричане. Превентивните прегледи опфаќаат бесплатен ПАП тест и гинеколошки ЕХО преглед, со цел превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката.
Мобилната гинеколошка амбуланта ќе биде поставена во селото Старо Нагоричане, во дворот на зградата на Противпожарната единица.
„Во понеделник, вторник и среда (04, 05, 06 април) од 09.30 до 14.30 часот сите жени од општина Старо Нагоричане ќе можат да извршат бесплатен гинеколошки преглед. Сите заинтересирани за термин може да се пријават на тел.078/318-361 и 075/490-011“, соопштуваат од Општина Старо Нагоричане.
Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата, а работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации.
Во иницијативата е вклучен и Црвен крст на РСМ, а волонтерите од Црвениот крст Куманово обезбедуваат логистичка и информативна поддршка на граѓаните.