×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Велосипедот како мобилно и урбано превозно средство промовиран и на Европска недела на мобилност

    22.09.2022 19:24 | Сузана Николиќ

    Во рамки на „Европска недела на мобилност“ денеска на подрачјето на Куманово и на Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово во соработка со претставници на Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, се реализираа превентивни активност преку симболичното манифестирање на заедничко возење велосипеди во придружба на полициските службеници низ централните градски подрачја на двата града.

    Велосипедот како мобилно и урбано превозно средство промовиран и на Европска недела на мобилност

    „Во рамки на „Европска недела на мобилност“ СВР Куманово се вклучи со секојдневните активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот намалување на сообраќајниот метеж, како и намалување на бројот на жртви и повредени лица при сообраќајни незгоди. Се спроведуваат едукативни работилници со ученици во основните училишта, разговор со граѓани и делење едукативен материјал на критични и фрекфентни локации како и во непосредна близина на учили штата“, изјави портпаролката Ивана Младеновска.

    Притоа, покрај промовирањето на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот, се промовираше и велосипедот како мобилно и алтернативно превозно средство.

    Во оваа прилика од страна на полициските службеници на велосипедистите им беше укажано на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи и носењето кацига, како и носењето рефлектирачки елек во услови на намалена видливост за време на возењето по патиштата. Полициските службеници, заедно со ОСБСП практично ја промовираа употреба на алтернативните форми на мобилност, посебно велосипедизмот не само заради подобрување на безбедноста во сообраќајот, туку и заради криерањето на поздрава животна средина.