Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Градскиот парк, кој неодамна беше реконструиран и обновен, уредено е детско урбано катче, за кое реквизитите и урбаната опрема за игра и забава ги обезбеди Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија.
Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо денеска го посети објектот, а исто така имаше средба и со градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски со кого разговараа за можностите и перспективите за соработка на сите полиња од заеднички интерес.
Ова е првиот простор наменет за младите што ги најави Митовски, кој во својата програма предвидува повеќе проекти од интерес на младите за унапредување на нивното здравје, образование, рекреација и подобра иднина во општината.
„Благодарение на помошта на Амбасадата на Народна Република Кина, го започнав мојот мандат со реализација на проект за намладите, кој воедно е и моја приоритетна програмска определба, и на мое огромно задоволство со овој проект централното градско подрачје доби нов и повесел лик, исполнет со многу детски насмевки и пријатен детски жагор. Ова можеби е мал проект, но има големи ефекти за најмладата популација од нашата оптиштина“, изјави градоначалникот Митовски.
Амбасадорот Џанг Ѕуо истакна дека, амбасадата на Народна Република Кина ќе продолжи да ја поддржува Општина Крива Паланка преку програмскте насоки и грантови, се со цел да се унапреди соработката во најважните области и полиња од заеднички интерес за обете страни, зошто Кина е голема и импресивна земја со импресивна култура и дека има можности за соработка во многу полиња, како што е економијата, технологијата, културата, алтернативната кинеска медицина итн.