×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обезбедени потребните попишувачи за Североисточниот регион

    24.03.2021 20:52 | KumanovoNews

    Завршена е селекцијата на сите учесници во пописот 2021, односно, заклучно со вчера, целосно е пополнета листатата на потребните реонски попишувачи и инструктори.

    Обезбедени потребните попишувачи за Североисточниот регион

    За Североисточниот регион предвидени се вкупно 40 реонски инструктори и 398 попишувачи, кои ќе ги собираат податоците во 6 општини: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Кратово и Ранковце.

    Веќе тече обуката за инструкторите, што ќе трае три дена, а во недела започнува и обуката за попишувачите во утврдените 50 пописни региони, информираше директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, на денешната онлајн средба со регионалните и локални новинари.

    Целта на оваа средба беше запознавање со процесот на спроведување на пописот, методологијата и начинот на комуникација и доставување на потребните информации до новинарите како значајна алатка за информирање на граѓаните.

    Симовски рече дека одлично се одвива самопопишувањето на македонските државјани во дијаспората, кое започна на 1 март. Досега се попишале вкупно 137.111 граѓани што, според него, било далеку над очекувањата.

    Државниот завод за статистика целосно е подготвен и за спроведувањето на пописот на населението, домаќинства и станови во земјава. Според Симовски подготовките се одвиваат интензивно и нема никакви проблеми, а утврдени се и здравствените протоколи според кои ќе се одвива целокупниот процес.

    „Кога се подготвуваа протоколите, тие се правеа според најлошите можни сценарија. Сите попишувачи се опремени со комлет заштитна опрема, дури и доколку треба да влезат кај ковид заболени. Комисијата за заразни болести будно ќе ја следи состојбата и доколку е потребно протоколите можат да бидат само уште поригорозни. Попишувачите, кои најсовесно ќе ја извршуваат оваа статистичка операција, ќе ги соберат податоците на наједноставен начин, без да доведат било кого во опасност,истакна директорот Симовски.

    Иако се предвидени одредени казни за оние што ќе одбијат да се попишат, Симовски рече дека тоа не е нивна намера, туку да се убедат граѓаните да учествуваат во пописот за да се соберат неопходните податоци, потребни за планирање и развој на земјава.

    Онлајн средбата со директорот и портпаролот на Државниот завод за статистика се одржа во организација на НВО Инфоцентар, со поддршка на УСАИД. НВО ИНфоцентар има и посебна страница popis.mk, на која граѓаните можат да се информираат за сите детални информации за попсиот 2021.

    (Ж.Цветковска)