Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Oбјавен е првиот повик за поднесување на предлог проекти во рамки на ИПА 3 прекуграничната програма Србија – Македонија 2021-2027, во кој се опфатени и општините Куманово и Врање.
Заинтересираните субјекти ќе можат да аплицираат до 22 октомври и во оваа фаза предвиден е буџет од 5.4 милиони евра. За потребите на заинтересираните апликанти и оние кои ќе имаат потреба од логистичка поддршка и помош за пронаоѓање партнери, функционира заеднички технички секретаријат со канцеларија во Куманово и Лесковац.
„Очекуваме и оваа ИПА 3 програма да придонесе во соработката помеѓу двете држави, да го подобри капацитетот на пограничните региони и овозможи подобар и поуспешен и поквалитетен живот на граѓаните од овие области, што практично во основа е и основна цел на оваа програма“, изјави министерот Златко Перински, кој беше во посета на Врање, и кажа дека верува дека проектите од оваа програма ќе го унапредат и квалитетот на живот на граѓаните, но и ќе ја продлабочат соработката помеѓу пограничните региони.
Изборот на проекти кои ќе се финансираат, ќе го врши соодветна комисија.
Програмата предвидува да помогне на локалните заедници во решавање на социјалните проблеми со кои се соочуваат ранливите категории на лица, а друга важна компонента на оваа програма е подобрување на туристичката инфраструктура, која ќе овозможат економски развој и раст во пограничниот регион.