×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Кратово со пет проекти ќе аплицира на вториот владин повик

    26.02.2025 08:16 | KumanovoNews

    Општина Кратово ќе аплицира со пет проекти на владиниот јавен повик за финасирање на инфраструктурни проекти. 

    Општина Кратово со пет проекти ќе аплицира на вториот владин повик

    Документацијата до Министерството за локална самоуправа е веќе доставена, затоа што претходно било спремено се што било потребно за конкурирање за дел од средствата од унгарскиот кредит.

    „Конкурираме со пет проекти, од кои четири се однесуваат на реконструкција на веќе постоечки објекти, како на пример детската градинка во Кратово, одредени локални патишта и градски улици, но и нова изградба на улицата „Кочо Рацин“, објаснува Иван Ивановски, лидер на проектот од општинското Одделение за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и ЛЕР.

    Се работи за проект за реконструкција на локалниот пат од Близанци кон Мушковo, реконструкција на објект на Детската градинка „Царка Андреевска“, реконструкција на повеќе улици кај кои е дотраен асфалтот, постојат дупки и предизвици за безбедно движење и на автомобили и на пешаци. Со овие проекти значително би се подобрила патната инфраструктура, поврзаноста на одредени делови на градот, но и конекцијата со дел од планинските села и земјоделски површини.