Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Матурантите од СОУ „Ѓорче Петров“ добија по 3.000 денари, финасиските средства од општина Крива Паланка, како мерка за подддршка на младите, која е воведена минатата година.
Ова втора генерација на матуранти, кои во пресрет на матурската прослава добиваат по 3.000 денари еднократна парична помош од буџетот на Општината.
“Општина Крива Паланка сериозно е посветена на поддршката на младите и во изминатите две години воведе низа стимулативни мерки за млади, меѓу кои: субвенции за набавка на дигитални уреди, субвенции за набавка на велосипед, еднократна парична помош за секое новороденче, субвенција за набавка на количка за новороденче, еднократна парична помош за матуранти и други мерки. Младите се во фокусот на работата на општината, зошто тие се иднината и градителите на локалната заедница, државата и светот“, соопштуваат од Општината.
Во четврток на плоштадот на Крива Паланка ќе се одржи матурското дефиле и забава како централен настан за матурантите во организација на општинската администрација.
Освен помош за матурантите општината Крива Паланка обезбедува 3 илјади денари за првачињата, субвенционира набавка на лаптоп или компјутер, како и велосипед, субвенционирање на превоз за студенти и бесплатно користење термини на спортските термини. Младите брачни парови добиваат 5.000 денари за новороденче и можност за субвенционорање при набавака на количка.