Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Старо Нагоричане објави повик за доделување на Ноемвриска награда за 2022 година. Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија при Советот на Општина Старо Нагоричане го распиша конкурсот по повод 11 Ноември - Денот на општината.
Жителите на Старо Нагоричене ќе конкурираат за избор на најдобар сточар, земјоделец, спортист и најуспешна фирма за 2022 година. Можат да ги номинираат заинтересирани граѓани, институции, здруженија и други.
За останатите 4 награди - најдобар наставник, талентирани ученици, најдобар полицаец и најдобар пожарникар општината ќе поднесе барања до институциите за да се поднесат предлози.
Конкурсот е отворен до 21 октомври 2022 година. Оценувањето и доделувањето на наградите ќе се врши од комисијата избрана од Советот на Општина Старо Нагоричане, чиј претседател е Сања Стојковска.
Предлозите и пријавувањето на кандитатите ќе се врши во архивот на Општина Старо Нагоричане, секој работен ден од 8 до 16 часот.