Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово, Кратово и Крива Паланка се наоѓаат речиси на дното на листата според бројот на вакцинирани граѓани против ковид-19. Најмал процент на имунизација е забележан во Кратово - 18,9 отсто, потоа е Куманово со 21,2 и Крива Паланка со 23,9 отсто.
Најмалку вакцинирани има во Кичево 15,8 отсто, како и во Тетово 17,1 и Дебар 17,3 проценти.
Најголем одзив е забележан во Кавадарци 43,5, Охрид 42,9 и Гевгелија 41 процент на имунизирани граѓани.
Како што информира Министерството за здравство, на ниво на државата барем по една доза вакцина примиле околу 27,5 отсто од населението.
Вкупно се аплицирани 747.728 дози вакцини, а ревакцинирани се 284.680 граѓани.
Според последните податоци 60% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 57% над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, 53% над 60 години имаат примено барем една доза вакцина и 43% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.
Министерот Венко Филипче рече дека се уште сме далеку од колективниот имунитет за кој се потребни 80 отсто од населението. Тој најави и дека се размислува за воведување на ограничувања од септември или октомври, доколку се соочиме со нов бран.
„Не можеме сите да страдаме затоа што некој не сака да се вакцинира. Не можеме да живееме затворени. Светот мора да функцинира, затоа е и вакцината измислен, за да се врати животот во нормала“, посочи Филипче.
Тој изјави дека вакцината е достапна на сите пунктови и дека никој од граѓаните, кој ќе се пријави за вакцинацинација, нема да биде вратен.
Распоред на процентот на вакцинирани по градови: Ресен 39,8%; Битола 38,9%; Неготино 38%; Штип 37,2%: Пехчево 36%; Велес 31%; Демир Хисар 30,9%; Берово 30,9%; Скопје 30,8%; Валандово 30,6%; Прилеп 30,3%; Пробиштип 29,7%; Крушево 28,3%; Koчани 25,3%; Свети Николе 25,2%; Делчево 24,9%; Виница 24,5%;Крива Паланка 23,9%; Радовиш 23,2%; Струга 23,1%; Куманово 21,2%; Струмица 19,4%; Кратово 18,9%; Македонски Брод 18,2% ; Гостивар 17,8%; Дебар 17,3% ; Тетово 17,1% и Кичево 15,8%.