×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен Музејски клуб „Егри Дере“ во Крива Паланка, по повод Меѓународниот ден на музеите

    18.05.2023 16:51 | Жаклина Цветковска

    Во  Градскиот музеј на Крива Паланка денеска свечено беше промовиран новиот музејски клуб и неговите почесни членови, во чест на Меѓународниот ден на музеите - 18 мај,  кој годинава се одбележува со темата „Музеи, одржливост, благосостојба“.

    Отворен Музејски клуб „Егри Дере“ во Крива Паланка, по повод Меѓународниот ден на музеите

    Клубот е наречен „Егри Дере“,според  старото име на Крива Паланка, а во  него ќе членуваат љубители на историјата, минатото и традицијата на општината.

    „Главна цел на Музејскиот клуб е да ги обедини сите градски интелектуалци, кои се вљубеници во историјата на нашиот град и кои веќе истражуваат важни теми од неговото минато. Друга задача ќе биде клубот да организира дебати и дискусии  за настани , личности и важни периоди  за да се популаризира минатото и да се едуцираат младите кадри“, истакна директорот на музејот Драган Величковски.

    На свеченоста беа промовирани првите 10 почесни членови на Клубот, кои дале придонес за развојот на институцијата преку свои истражувања и публикации, што се дел од музејската збирка. Така,првите членски кншки ги добија : м-р Александар Маџовски, историчар и класичен филолог, м-р Милан Митовски и Цоне Крстевски, археолози, Стојанче Величковски, хералдичар и дизајнер, д-р Јордан Михајловски, филозоф/публицист, д-р Весна Миовска, лингвист, д-р Петар Намичев, архитект, Димитринка Котуровиќ, градежен техничар, Стојо Милковски, инженер, Кирила Цветковска, историчарка на уметност и Филип Додевски, музичар.