Кумановец осомничен за силување на дете
29.10.2026 14:40
| KumanovoNews
Жител на Куманово е осомничен дека 9 месеци силувал малолетно лице.
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
„Пријавениот, од февруари до октомври оваа година вршел полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години“, соопшти МВР.