×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена фабрика за производство на пилешко месо во Гиновце - ќе работат 3.000 работници

    26.11.2020 20:28 | KumanovoNews

    Фабрика за производство на пилешко месо на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернешанал фреш фуд”, денеска беше отворен во село Гиновци, Oпштина Ранковце. Во новиот производствен капацитет ќе работат околу 3.000 луѓе.

    Отворена фабрика за производство на пилешко месо во Гиновце - ќе работат 3.000 работници

    Станува збор за инвестиција по највисоките европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици и хали низ целата држава.

    „За прв пат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна. На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментот изнесува 95% од домашната потрошувачка, туку и се отвора можност за да извезуваме надвор на странските пазари. Планот на инвеститорите кој имавме можност да го слушнеме е создавање на затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица па се до финален производ. Сето ова ќе се инвестира во нашата татковина, во повеќе региони. Покрај тука во Гиновце и во Врапчиште - Гостиварско, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе. Тоа значи и отворање на повеќе од 3000 нови работни места во оваа бранша и дополнително раздвижување на соработката со кооперанти и домашни производители на репроматеријали“, изјави премиерот Зоран Заев, на отворањето на фабриката.

    Севкупно планираната инвестиција  за следните 5 години ќе надмине сума од 50 милиони евра.

    На стартот на новата инвестиција беа присутни и Љупчо Николоски, заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Артан Груби, прв заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија и Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    (Ж.Ц.)