Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за внатрешни работи (МВР) отвори нова канцеларија на управните служби на МВР, во Полициското одделение во Матејче. Оваа канцеларија ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од липковско до услугите на МВР .
Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на отворањето на канцеларијата.
„Денес овде во Матејче, во липковско отвораме нова канцеларија на управните служби на МВР која ќе биде составен дел од полициското одделение. Овој тип проекти кои се дизајнирани да овозможат подобра услуга и позадоволни граѓани, да можат да ги добијат своите услуги во рамки на општината во која живеат. До денес граѓаните на Општина Липково ова право можеа да го остварат во рамки на Општина Куманово, а од денес ќе можат да си ги остварат своите права во рамки на својата општина, додека ќе дојде до намалување на гужвите во Општина Куманово.“, потенцираше министерот Тошковски.
Оваа, втора канцеларија за само неколку дена, претходната беше во Јегуновце, ќе овозможи пристап на над 25.000 граѓани од липковскиот регион побрзо вадење на личен документ и услуги кои ги нуди. Побрзиот и поефикасен пристап до услугите е поквалитетен живот за граѓаните, што е наша определба на новото раководство на МВР.