×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Парчиња бетон отстранети од надвозникот на патот Куманово – Крива Паланка во селото Војник

    28.12.2023 13:04 | Оливера Пешевска

    Отстранета е опасноста од парчињата бетон што висеа на долниот дел од нефункционалниот  мост - надвозник кај селото Војник, над прометниот магистрален патен правец Куманово – Крива Паланка.

    Парчиња бетон отстранети од надвозникот на патот Куманово – Крива Паланка во селото Војник

    По укажувањето за опасност од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените дојави од граѓани екипи на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (ЈПОЗМРП) излегле на терен.

    „Оперативните екипи на ЈП за одржување на патиштата излегоа на терен и плански ги отстранија опасните парчиња бетон што висеа по целата должина на мостот и повремено паѓаа на патот. По извршената работа за отстранување на опасноста, ЈПОЗМРП, известија со административно писмо дека е постапено по Решението на ЦУК со задолжение за постапување во определен временски рок“, соопштуваат од ЦУК.

    Опасните бетонски парчиња, тие што претставувале потенцијална опасност, биле рачно отстранувани од вработени качени на дигалка, со наизменично затворање на една лента за сообраќај на прометниот магистрален пат, со многу кратки прекини на сообраќајот што безбедно бил регулиран со помош на знаменца и луѓе, а и со вообичаените знаци за работа на пат.