×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Парична помош за студенти и новороденчиња, субвенции за вода за лицата со попреченост, обезбеди Општина Старо Нагоричане

    17.02.2021 13:14 | KumanovoNews

    Општина Старо Нагоричане во 2021 година во својот буџет обезбеди средства за субвенционирање на неколку категории на граѓани.

    Парична помош за студенти и новороденчиња, субвенции за вода за лицата со попреченост, обезбеди Општина Старо Нагоричане

     Согласно одлуките на Советот, помош по две основи ќе имаат семејствата коишто имаат новороденче, студентите ќе добијат финансиска помош додека студираат, додека на лицата со попреченост им се покрива дел од сметките за  потрошена вода во домаќинството.

    „За студентите е предвидена помош по 8000 денари за секоја академска година, додека за новороденчињата даваме еднократна помош од 6000 денари. За секое семејство кое е приклучено на системот за водоснабдување на ЈКП „Козјак” и има новороденче, општина му плаќа  15 м3 потрошена вода, по доставена фактура од страна на јавното претпријатие. Исто така имаме ослободување за плаќање на 10 м3 вода за секое семејство коешто има или се грижи за лице со посебни потреби.  Доколку, пак, домаќинството нема општински водовод, а има лице со попреченост тогаш има право на исплата на паричен надомест во висина од 10 метри кубни вода на годишно ниво. Сите овие одлуки важат само за лицата кои имаат постојано место на живеење во Општина Старо Нагоричане“,- вели градоначалничката Жаклина Јовановска.  

    Таа ги повика жителите да аплицираат за предвидените мерки и да си ги остварат своите права што им следуваат.

    (С.Н.)