Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градскиот музеј од Крива Паланка вчера прослави 15-годишен јубилеј од основањето и успешното функционирање на оваа локална установа.
На свеченоста беа кажано дека во 2006 година општината донела храбра одлука да формира општ музеј, кој во себе ќе ги обединува археологијата, етнологијата, историјата и историјата на уметност и сите нив да ги презентира низ музејските збирки и постојаните поставки.
„Музејот на Крива Паланка, е единствена локална музејска установа во државата, заедно со Музејот „Теракота“ од Виница. Тоа значи дека бевме соочени со бројни предизвици сите овие години и упорно настојување за реформи во системот за да го добијат локалните музеи местото што го заслужуваат. По 15 години задоволни сме од се што имаме направено за зачувување на културното наследство и развојот на културата“, истакна директорот на музејот Драган Величковски.
Кривопаланечкиот музеј денес е современа институција, со изградени капацитети препознатливи во регионот и државата. Во неговиот развој се вградени многу соработници и поддржувачи од кои голем дел дале придонес за развој на установата на волонтерска основа. Долги години музејот имаше само еден вработен, односно само директорот, но благодарение на неговата посветеност и ентузијазам успеа да изгради тим и институција на која признание и оддаваат многу поголеми регионални и национални установи.
„Кога се работи со љубов и со желба да се остави зад себе дело, вредно за граѓаните и институциите, тогаш доаѓаат и успесите и резултатите. Горди сме
што успеавме да создадеме мрежа на соработници со кои заедно работиме на унапредување на музејската дејност во локалните заедници“, потенцираше
Величковски.
На денешната свеченост, Градскиот музеј им врачи плакети и признанија за заслуги на бројните поддржувачи и соработници од општината и државата,
како и на соработниците од соседна Бугарија.