×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Планинарски друштва од Куманово, Крива Паланка и Лесковац ќе го развиваат Европскиот пешачки пат

    27.09.2022 19:36 | Жаклина Цветковска

    Планинарски друштва од Североисточниот регион во Македонија и Јабланичко-Пчињскиот регион од Србија покренаа иницијатива за уредување и развивање на Европскиот пешачки пат Португалија - Грција на територијата на двете пограничните држави. 

    Планинарски друштва од Куманово, Крива Паланка и Лесковац ќе го развиваат Европскиот пешачки пат

    Меѓу нив се планинарските друштва „Кукавица“ од Лесковац,, „Козјак“ од Куманово, „Руен“ и „Патник од Крива Паланка, кои потпишаа меморандум за соработка за уредување на оваа европска трансферзала, како и за реализација на заеднички планинарски акции.

    Соработката е остварена во рамките на проектот „Да ги поврземе бисерите“ , што го спроведуваат Град Лесковац, Општина Крива Паланка и Центарот за развој на Јабланичко-Пчињскиот регион, со поддршка на ИПА2 програмата за прекугранична соработка Србија - Македонија.

    „Меморандумот е само почеток на соработката со друштвата од овој дел на Балканот, кој отвора можности за заеднички активности нашите планинарски друштва и за промоција на туризмот. Со вмрежување на друштвата за планинарење и заштита на планината, во координација со националните планинарски федерации би можеле да го продолжиме уредувањето на тој Е7 – европски пешачки пат. Во Србија веќе се уредени одредени делници, а во нашата држава допва треба да ја развиваме трансферзалата“, вели Катица Борисовска, претседател на ПСК„Руен“ од Крива Паланка и лиценциран планинарски водач, по повод Светскиот ден на туризмот, 26
    септември.

    Европскиот пешачки пат во нашата држава влегува преку Прохор Пчињски, а оваа европска трансферзала , покрај поврзување на планинските убавини, вклучува и поврзување на сместувачки капацитети, културно-историски споменици, верски објекти, и слично. Се очекува новите рути ќе придонесат за промоција на туризмот и ќе привлечат бројни странски и домашни туристи.

    Европските пешачки патеки „е-патишта“ се дел од Европската асоцијација на тркачи (ERA), која како мрежна организација работи на промоција на пешачење, планинарење, создавање патеки, размена на знаење преку границите и обезбедување на правата за слободен пристап до природата за пешачите. Преку својата работа ЕРА се грижи и за заштита и развој на европското културно наследство и за зајакнување на меѓусебното разбирање меѓу европските граѓани.