Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со симулација на физичко и психичко насилство во СОУ „Ѓорче Петров“ и мерки за справување, Локалниот совет за превенција на општина Крива Паланка ја проверуваше ефикасноста и функционалноста на планот за заштита и спасување при вакви случаи.
Тактичко-показната вежба се реализираше според изработено сценарио и оперативен план за превентивни постапки во случај на насилство, со план за комуникација и координација, план за евакуација и план за симулација на насилство и транспорт на повредените.
„Учениците од СОУ Ѓорче Петров, професорите и сите останати присутни, имаа несекојдневна можност да присувствуваат на симулацијата и да се запознаат со сите мерки и механизми за превенција и справување со насилството во училиштата“,велат од Локалниот совет за превенција.
Навиот состав на Локалниот совет за превенција работи активно и за неполн месец од неговото конституирање ова е трета по ред активност.