×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поквалитетни општински услуги и перпектива за младите меѓу најголемите приоритети во Крива Паланка

    17.09.2021 20:00 | Жаклина Цветковска

    Поквалитетни општински услуги, поголемо партиципативно граѓанско учество при носење на одлуките на локално ниво и перспективни младински политики се меѓу најголемите приоритети за граѓаните од општина Крива Паланка.

    Поквалитетни општински услуги и перпектива за младите меѓу најголемите приоритети во Крива Паланка

    Ова беше заклучено на денешната консултативна средба со кривопаланчани, која ја организираше РЦС„Спектар“ од Крива Паланка, а на која се дефинираа најприоритетните проблеми, предлози и решенија, кои ќе им бидат претставени на кандидатите за градоначалници и советници.

    Учесниците како најголеми приоритети ја посочија потребата од поефикасна општинската администрација при решавањето на проблемите на граѓаните, особено од комуналната сфера и урбанизмот, животната средина, зголемено учество на месните заедници и невладиниот сектор, субвенционирање на младите претприемачи, изградба на колективни згради, решавање на проблемите во здравството и друго. Како посебен приоритет беше издвоен проблемот со партизација на општинската администрација и другите институции.

    Од средбата произлегоа и повеќе конкретни решенија за реализација на меѓу кои редовен отчет на градоначалникот, редовни средби со претставниците на месните заедници, промотивни кампањи за едукација на граѓаните и слично.

    За намалување на миграцискиот бран кај младите лица, пак, како решение беа понудени повеќе конкретни проекти за изградба на одредени индустриски капацитети преку искористување на компаративните предности на подрачјето (земјоделие, туризам), правично вработување, деполитизација на институциите и слично.

    Граѓанските приоритети и нивните предлози ќе им бидат претставени на кандидатите за градоначалници и советници, на јавна трибина на која ќе можат да ги слушнат очекувањата од идната локална власт.

    Активностите се дел од проектот за формирање на Форум за граѓански дијалог, кој го спроведуваат девет партнерски граѓански организации - НВО Инфоцентар, Младински културен центар-Битола, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен Текстилец, Мултикултура и Идеа ЈИЕ, Спектар од Крива Паланка, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар за развој на медиуми.

    Целта е да се поттикне директното граѓанско учество во креирање на општински приоритети и потреби во локалните заедници, по што Форумот за граѓански дијалог активно ќе продолжи да ја следи нивната реализација од страна на новата локална власт.
    Проектот е поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.