×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поплавени куќи, мостови, отсечени населби по силното невреме вo Крива Паланка

    17.06.2023 11:33 | Жаклина Цветковска

    Излевањето на Крива Река и поголемите долови од обилните врнeжи што вчера попладне ја зафатија Општина Крива Паланка предизвикаа големи штети во градското подрачје и околните села. Поплавени се куќи, патишта, мостови, возила , а дел од селските населби се отсечени поради свлечишта и одрони.

    Поплавени куќи, мостови, отсечени населби по силното невреме вo Крива Паланка

    Селото Т’лминци со 20 жители е отсечено поради надојдените води на Крива Река кои го прелеваат мостот, а едно семејство од поплавена куќа кај местото Толинци треба да биде евакуирано.

    Во прекин е и сообраќајот на регионалниот патен правец Крива Паланка-село Луке поради свлечиште, а за сообраќај е затворен и т.н. „Осички мост“ во градот. Забранети се за користење и сите пешачки мостови на Крива Река.

    Наглото зголемување на водостојот на Крива Река предизвика излевање од коритото и ги поплави и пешачките патеки и мостови, урбаната опрема и паркинг просторите во градското подрачје.

    Општинскиот штаб за заштита и спасување доцна синоќа одржа вонредна седница и формирани се тимови кои се распоредени итно на сите критични локации. Уште од синоќа целокупната расположлива механизација од општинските служби и од приватни фирми се на терен, се врши испумпување вода од поплавените куќи, а екипи на ЈП „Македонија пат“ работат на расчистување на свлечиштето на патот Крива Паланка - село Луке и нормализирање на сообраќајот. На терен се и екипи на Противпожарната единица и на Дирекцијата за заштита и спасување.

    Од општината информираат дека водостојот на Крива Река се намалува и ги повикува граѓаните да бидат внимателни и смирени.