×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поставена информативни табли за промоција на туристичкиот потенцијал на Крива Паланка

    04.02.2021 10:12 | KumanovoNews

    На подрачјето на Општина Крива Паланка поставени се нови патоказни табли и урбана опрема со која се унапредуваат и промовираат туристичките локалитети и потенцијали во овој регион.

    Поставена информативни табли за промоција на туристичкиот потенцијал на Крива Паланка

    Оваа инвестиција е дел од проектот „Унапредување на туристичките потенцијали преку промоција, воведување на нови содржини и оплеменување на постојни туристички локалитети – Туризам плус“, кој го спроведе Здружението за рурален развој Локална акциска група „Осоговски лисец“, со поддршка на Општина Крива Паланка.

    „Проектот опфаќа патокази до девет туристички локалитети, кои се поставени на 16 локации со вкупно 33 патоказни табли, како и две инфо-табли на двата влеза во Крива Паланка, со дизајнирана, изработена и аплицирана соодветна информативна содржина. Истовремено, обезбедени се и реквизити за детското игралиште на локалитетот „Болничка ливада“ во населба Скрљава, а поставени се и клупи и корпи за отпадоци долж пешачката патека на локалитет „Стара вада“ во Крива Паланка“, - објаснува Димитар Петровски, извршен директор на ЛАГ „Осоговски лисец“.

    Проектот е реализиран со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), со вкупна вредност од 365.398,00 денари без ДДВ, кој е обезбеден од општина Крива Паланка.

    „Осоговски лисец“ е Локална акциска група , насочена кон развојот на Општините Крива Паланка, Кратово и Ранковце.

    (Ж.Цветковски)