Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура Крива Паланка, утре во 20 часот ќе биде промовирана книгата „Кривопаланечки староградски песни“ од Филип Додевски.
Авторот е член на КУЗ „Распеани Паланчани, па првото издание на збирката староградски кривопаланечки песни сведочи за негувањето и зачувувањето на градската музичка традиција.
Во делото се запишани вкупно 17 песни со текст и нотен запис во кои се опеани личности и настани од кривопаланечката историја, од минатото и од градскиот живот.
„Одала се је Ленка Стевчова“, „Минеш, минеш“, „Шавр трава, бучемиш“, како и „Блазе тебе малој моме“ за кој е направен видео запис со Александар и Дац, се само дел од запишаните староградските песни познати меѓу кривопаланчани, а кои се пеат со децении.
Издавач на книгата е Општина Крива Паланка, а освртот за градската традиција и естетска анализа на песните е на д-р Јордан Михајловски, писател, публицист, хроничар и член на КУЗ „Распеани Паланчани“.
Во чест на промоцијата на првата книга за кривопаланечката староградска песна ќе настапат КУЗ „Распеани Паланчани“ и КУД „8-ми Отомври“ при НУ Центар за култура.
Овој настан е дел од манифестацијата „Крива Паланка –Град на културата 2024“.