Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Крива Паланка свечено беше промовирана книгата „Топонимијата во Кривопаланечко“, чиј автор е д-р Весна Миовска, научен соработник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје.
Издавањето на книгата е реализирано во соработка на општина Крива Паланка, ЛУ Градскиот музеј Крива Паланка и Институтот за македонски јазик, со финансиска поддршка на општината и Градскиот музеј.
„Трудот претставува капитално монографско дело за топономијата на нашиот регион - Кривопаланечко (пор: Славиште) и е мошне значајно како дело во мозаикот на трудови од областа на ономастиката и топономастиката во нашата земја“, вели Драган Величковски, директор на ЛУ Градски музеј.
„Топонимијата во Кривопаланечко“ претставува стручен труд од областа на лингвистиката, која што авторот Миовска го одбранува како докторска дисертација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година, под менсторство на проф. д-р Олга Иванова.
Инаку, Градскиот музеј во Крива Паланка долги години наназад успешно одржува соработка со речиси сите јавни научни установи во државата. Од оваа соработка досега се остварени вредни резултати, како што се печатење на заеднички изданија, организирање на заеднички теренски истражувања, организирање и реализирање на научни конференции и симпозиуми, размена на книги и стручна литература и слично.
(Ж.Ц.)