×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Промовирана монографија за академскиот сликар Димитар Стојчевски од Гоце Божурски

    29.11.2021 12:30 | Сузана Николиќ

    Во Градскиот музеј од Крива Паланка, викендов беше промовирана монографијата за академскиот сликар и еден од доајените на современото македонско сликарство Димитар Стојчевски, кој воедно е и еден од основачите на реномираната Меѓународна ликовна колонија „Свети Јоаким Осоговски“.

    Промовирана монографија за академскиот сликар Димитар Стојчевски од Гоце Божурски

    Автор на ова монографско дело е ликовниот критичар и сликар Гоце Божурски, кој се јавува и како куратор на ретроспективно-монографската изложба на дела од Стојчевски, поставени во галерискиот музеј на Градскиот музеј.

    „Стојчевски во македонското сликарство внесе новини и нови текови со модерен контекст од белградската ликовна сцена, каде ги заврши своите студии.
    Но, творечкиот зенит и навредното дело го постигна со циклусот „Сакраликум“, внесувајќи неповторлив спој на духовната и естетска вертикала. Стојчевски е
    еден од најзначајните автори во Македонија, но, за жал, неоправдано доцна му го признаваме тоа“, истакна Божурски.

    Ретроспективната монографска изложба на дела од Стојчевски ја отвори Оливера Ливриниќ, помошник во кабинетот на министерката за култура Ирена
    Стефоска.

    „Стојчевски внесе свежа тенденција на иновации и експериментирање во современото македонско сликарство и може да се рече дека тој е родоначалник на оваа техника. Тој е навистина експресионист според сликарскиот карактер, а лиричар според својата душа, како што вели Божурски.

    Од пресудна важност, според која го препознаваме и вреднуваме, е неговата фаза „Сакраликум“ во која се гледа творечката страст и како никој пред него тој
    посегнува толку силно по сакралните архетипови“, рече Ливриниќ.

    Таа подвлече дека Божурски дошол до драгоцени сознанија, но дека поради обемниот материјал на сликарот Стојчевски се остава простор и некои нови генерации да го продолжат истражувањето и да ги надополнат естетските вреднувањата за, како што вели, овој горостас со мека уметничка душа.

    Во името на семејството, братот Иван Стојчевски изрази голема благодарност до сите институции и поединци кои дале свој придонес за достојно одбележување на творештвото и животот на неговиот брат сликар.

    Монографијата и изложбата се поддржани од Министерството за култура и општина Крива Паланка, а организатор е Градскиот музеј Крива Паланка.