Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дел од човечки труп и облека биле пронајдени вчера попладне во ливада во кривопаланечкото село Конопница, кое се наоѓа на само неколку километри од градот.
Според МВР, вчера, во 17.24 часот, во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во ливада во атар на село Конопница, кривопаланечко, бил пронајден дел од човечки труп и облека.
Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка, а по наредба на Јавен обвинител ќе биде извршена и обдукција.