Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Нормализиран е патниот сообраќај на патниот правец Куманово - Крива Паланка по получасовен прекин поради одрони на патот.
„Сообраќајот на патниот правец Куманово- Крива Паланка е нормализиран во двата правци откако беше во прекин поради одрони на патот. За нешто повеќе од 30 минути расчистен е патот, сообраќајот се одвива непречено по суви и чисти коловози“, соопштуваат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Одрон на камења кај селото Страцин го затворил за сообраќај магистралниот пат во 11.25 часот. Екипи на ЈП „Македонијапат“ реагирале за расчистување на овој патен правец.