Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Истакнатиот визуелен и авангарден уметник Зоран Арсовски –Бабата ќе се претстави со своето творештво на самостојна изложба во НУ Центар за култура Крива Паланка, која ќе биде отворена утре, во 19.30 часот.
Изложбата е насловена „Нови хоризонти“, а е тематски поврзана со неговите претходни циклуси -“Тектонски пореметувања“ и “Космички бумеранг“. Ова е 16-та по ред самостојна изложба на Бабата и е дел од манифестацијата „Крива Паланка – Град на
културата 2024“, поддржана од Министерствотк за култура.
Зоран Арсовски – Бабата е современ ументик, роден 1980 година во Куманово. Дипломирал и магистрирал на Ликовната академија во Софија. Препознатлив е по современите концептуални изложби преку кои ги пренесува пораките со оригинален стил.
Учествувал на бројни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти и уметнички фестивали во земјава и странство, и добитник е на повеќе награди и признанија.