Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До денеска трае повикот на СДСМ за самокандидирање на претседател на Општинската организација во Липково.
Од партијата повикуваат чесни и угледни индивидуи, членови на СДСМ кои ги споделуваат социјалдемократските вредности и ги делат социјалдемократските идеали, да се самокандидираат за претседател на општинската организација.
Кандидатите за претседател треба да изработат квалитетна програма со предлог идеи и проекти за општинската организација и да го почитува Етичкиот кодекс на СДСМ.
Покрај во Липково, претседатели ќе се бираат и во: Демир Хисар, Ѓорче Петров, Зелениково, Кичево, Јегуновце, Росоман, Новаци, Сопиште, Студеничани, Гостивар, Желино и Боговиње.