×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ Кратово: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СПМ носат незаконски одлуки

    22.04.2022 14:33 | Жаклина Цветковска

    Советничката група на СДСМ од Кратово обвинува за незаконско носење одлуки и непочитување на деловникот за работа од страна на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СПМ на 8-та седница на Советот на општината, одржана вчера. 

    СДСМ Кратово: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СПМ носат незаконски одлуки

    Советниците од опозицијата посочуваат дека е прекршен Законот за локална самоуправа од страна на претседателката на Советот, Весна Петрова.

    „На предлог на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и СПМ, Советот на општина Кратово донесе одлука за разрешување на член на управниот одбор на ООУ„Кочо Рацин“ Кратово на начин на кој што се прекршуваат одредбите од член 41, став 2 од законот за локална самоуправа каде е утврдено дека Советот одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членови, ако со закон и со статут поинаку не е определено. Од вкупно 15 присутни советници за предлогот гласаа 12 членови од кои 6 беа„ за“, 4 против и 2-ца воздржани. Иако, при донесувањето на одлуката немаше мнозинство гласови од присутните членови на Советот, сепак претседателката Петрова констатираше дека одлуката е донесена. Истата ситуација се повтори и при носењето одлука за именување на нов член во УО на ООУ„Кочо Рацин“ Кратово, рече Јорданчо Лазаревски , координатор на советничка група на СДСМ на прес конференција.

    Оттаму најавија дека за наведеното прекршување на Законот за локалната самоуправа, ќе ги информираат надлежните институции и ќе побараат одговорност.

    „Претседателката на Советот на општина Кратово, со старите методи од режимот на СПМ и ВМРО- ДПМНЕ, (не) знаејќи математика, констатира донесување на одлука со 6 гласа за, 4 против и 2-ца воздржани. Вакво криминално владеење е својствено само за режимот на Груевски и Ѕинго“, реагираат од советничката група на СДСМ Кратово.

    И претседателот на ОО на СДСМ Кратово, Влатко Бојковски, најави дека ќе бара кривична одговорност за сите учесници во, како што вели,  криминалното носење на овие одлуки.