Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Преку проект на Центарот за развој на Североисточен плански регион, а со средства од Бирото за рамномерен регионален развој, се асфалтира патот до маалото Брдановци во Младо Нагоричане.
„Патот е во должина од 650 метри, во тек се градежни активности на изработка, проширување, тампонирање и асфалтирање на патот. Нашата цел е со асфалтирање на повеќе локални патишта низ општината да придонесеме во подобрување на секојдневниот живот на населението и подобрување на условите за живот во селските средини. Еден од врвните приоритети на локалната самоуправа е поврзување на што поголем број жители на руралните средини со асфалтни патишта, со што значително ќе се подобрат условите за живот во нашата Општина“, изјави градоначалничката Жаклина Јовановска, која направи увид во градежните работи на патот во маало Брадиновци во Младо Нагоричане.
Младо Нагоричане е населено место со најголема површина и број на жители во Општина Старо Нагоричане.