Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изградба на пругата и железничкото поврзување со Бугарија е од огромно економско и политичко значење и е од врвен државен приоритет. За таа цел треба максимално да ги мобилизираме сите расположови ресурси во решавање на предизвиците во овој процес и да ја искористиме можноста за непречена имплементација и реализација на најголемиот инфраструктурен капиталнен проект, истакна директорот на ЈП Железници Инфраструктура Хари Локвенец на денешниот работен состанок во Крива Паланка.
На состанокот, на кој присуствуваа претставници од ЈП Железници – Инфраструктура, градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, како и претставници на локалните и државни институции, се работеше на идентификување и детектирање на предизвиците што се јавуваат во третата фаза на трасата за изградба на железничката пруга, а меѓу нив и решавање на проблемите со експропријација и дислокација на објекти.
Детално се разгледани и усогласени сите реални прашања, дилеми и проблеми кои беа нотирани од страна на стучните лица од Oпштината и е договорена понатамошната динамика за нивно тековно решавање.
(Ж.Ц.)