×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се гради пристапен пат кон новите градски гробишта во Крива Паланка

    23.07.2021 11:02 | Жаклина Цветковска

    Во Крива Паланка, денеска, започна изградбата на нов пристапен пат до новите градски гробишта, во должина од 828 метри. Инвестицијата изнесува околу 12 милиони денари обезбедени од Министерството за транспорт и врски преку владиниот проект за изградба и реконструкција на локални патишта, со заем од Светска банка.

    Се гради пристапен пат кон новите градски гробишта во Крива Паланка

    Рокот за изградба е 10 месеци, а изведувачи на работите се Ескаватори и Битем од Скопје.

    „Оваа инвестиција е уште една од бројните проекти за подобрување на патната инфраструктура, на што работиме во континуитет. Во изминатите три и пол години, инвестирано е во изградба на 25 км експресен пат, 36 км магистрални патишта, 56 км регионални патни правци, околу 10 км локални патишта и санација на над 50 км земјени патни правци во руралните средини“, истакна Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка.

    На отпочнувањео на изградбата присуствуваа и вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Тие истакнаа дека преку проектот за изградба и рехабилитација на патни правци за Крива Паланка се обезбедени околу 980.000 евра.

    Беа посочени и најзначајните инфраструктурни проекти што се одвиваат на Коридорот 8, како реконструкцијата на патот Ранковце-Крива Паланка, изградната на експресен пат, трета лента кон граничниот премин Деве Баир и реконструкција на магистралниот пат Куманово-Страцин.

    „Работиме на рамномерен регионален развој и инвестираме поеднакво во сите општини за подобрување на животниот стандард на граѓаните и економскиот развој“, посочија владините функционери.