Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
После цели 50 години се реновира спортската сала во ООУ„Илинден“ во Крива Паланка, која се користи за повеќе спортски активности, не само од страна на училиштето, туку и од спорските клубови. Се врши замена на подот со нова гумирана подлога, обнова на санитарните јазли и соблекувални, а ќе биде адаптиран и пристап за лицата со посебни потреби.
Средствата за реконструкција, во висина од 5 милиони денари, се обезбедени од сопствени извори и од Министерството за образование и наука.
После 10-тина години, во тек е и реконструкција на спортското игралиште во СОУ„Ѓорче Петров“, во која училиштето вложува сопствени средства од околу 7,5 милиони денари.
На овој спортски терен ќе се постави нова тартан подлога, целосно ќе биде обновена оградата, ќе се постават рефлектори за користење на теренот и во вечерните часови, ќе се обезбедат нови реквизити, а ќе се постави и пристапна рампа за лица со инвалидитет.
Пред една година беше изградено и ново современо игралиште во Ученичкиот дом „Боро Менков“. Изградбата е финансирана од Агенцијата за млади и спорт со средства од околу 3.000.000 денари.
(Ж.Ц.)