Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во СОУ „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка се реновираат и опремуват повеќе објекти за подобрување на условите за работа и настава.
Во моментов се одвиваат градежни активности за поставување на нова термоенергетска фасада, а во исто време се реконструира и дотраениот покрив на спортската сала. Со реализација на планираните градежни активности значително ќе се подобрат условите за работа на спортската сала и на придружните кабинети и училници кои се во состав на овој објект.
Во овие зафати се инвестираат 2,7 милиони денари, кои се обезбедени од сопствени извори на средното училиште.
Во изминатиот период опремени се и кабинети за новата здравствена и угостителска струка, а се реконструира и спортското игралиште во кругот на училиштето.