×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се уредува минор коритото на Крива Река во Крива Паланка

    03.12.2020 15:13 | KumanovoNews

    Во тек се градежни активности за доуредувањето на дел од минор коритото на Крива Река, во Општина Крива Паланка.

    Се уредува минор коритото на Крива Река во Крива Паланка

    Како што соопштуваат надлежните, овој капитален инфраструктурен објект, е дел од проектот „Регулација на дел од минор коритото на Крива Река –дел 1“ во должина од 926 метри, на потегот од Големиот мост до населба Бегови Бавчи.  

    Вредноста на инвестицијата е околу 19 милиони денари без ДДВ, а средствата се обезбедени преку Министерство за финансии и Светска банка.

    - За таа цел увид во работата извршија претставници на Општината и стручните лица од Министерството за финансии, надзорниот орган, како и изведувач на работите е  „Коструктор“ ДОО Скопје и „Сандра Инжинеринг“ ДОЕЛ Скопје. При тоа беше констатирано дека работите се одвиваат согласно проектната документација и утврдениот динамички план и дека е можно работите да бидат завршени и порано од предвидениот рок од една година од воведувањето во градба, - информираат од Општина Крива Паланка.