×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Седуммина членови на СДСМ поднесоа кандидатури за градоначалник на Крива Паланка

    12.07.2021 12:52 | Жаклина Цветковска

    Актуелниот градоначалник на Крива Паланка и уште 6 кандидати од СДСМ Крива Паланка поднеле кандидатура со која ја бараат поддршката од централата да влезат во градоначалничката трка за локалните избори.

    Седуммина членови на СДСМ поднесоа кандидатури за градоначалник на Крива Паланка

    Градоначалникот Мицевски ја објави кандидатурата на својата фејсбук страница, истакнувајќи дека ја добил поддршката од сите месни одбори, а во некои бил и единствен предлог, што според него зборува за докажаната и изградена доверба во изминатиот период.

    „Во својата програма Мицевски ги акцентира главните развојни проекти на кои ќе се насочи во новиот мандат, а истовремено набројува над 70 поважни проекти, кои како градочалник успеал да ги реализира за развојот на Крива Паланка во изминатите 3,5 години од неговиот прв мандат. Наместо јас да зборувам колку ќе бидам посветен на својата општина и моите сограѓани, ќе оставам сами да процените по она што беше направено во претходните 3,5 години од мојот мандат. Наместо да веруваме и живееме од ветувања, да продолжиме со сигурни, проверени и докажани чекори да ја градиме нашата заедничка иднина“, порачува Мицевски.

    Изненадување за кривопаланчани е што кандидатура и програма за претстојните локални избори поднел и Сашко Митовски, секретар на Општинската организација на СДСМ, сопственик на познатите угостителски објекти Етно гостилница „Воденица 3“ и „Селект кафе“.

    Тој најавува нови правила и принципи во извршувањето на градоначалничката функција и раководењето со општината, а една од нив е откажувањето од градоначалничката плата.

    „Градоначалничката обврска ќе ја обавувам без месечен надомест, а ќе предложам да се откажеме и од сите дневници, патни трошоци и репрезентации. Овие средства ќе се слеваат во новоформирана фондација и ќе се користат за помош на сите дечиња кои имаат потреба од помош за да ги обезбедат основните услови за образование, објавува Митовски на својот Фејсбук.

    Како што не информираше претседателот на Општинската организација Михаил Дејановски, кандидатура за градоначалник има поднесено и тој самиот, потоа претседателката на Советот на општината Изабела Павловска, директорката на Детската градинка „Детелинка“ Мирка Јакимовска и раководителот на Центарот за социјални работи Гоце Цветковски.

    Според смс пораките, пак, што партијата ги праќа до своите членови за да гласаат за одреден кандидат, на листата се наоѓа и Ацо Младеновски, матичен гинеколог од Крива Паланка.

    За првпат во оваа општина се пријавени толку кандидати од СДСМ за избор на градоначалник на претстојните локални избори.

    (Ж.Ц.)