×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Североисточниот регион најсиромашен, а државата не ги дава средствата кои му следуваат

    08.02.2024 09:12 | Жаклина Цветковска

    Жителите од Североисточниот регион имаат најниски плати во државата, просечно околу 420 евра, покажува најновата публикација на Државниот завод за статистика „Регионите во РМ 2023“.

    Североисточниот регион најсиромашен, а државата не ги дава средствата кои му следуваат

    Според податоците, највисок просек на исплатена бруто-плата по вработен за 2022 година, во однос на вкупниот просек во државата, е забележан во Скопскиот Регион (13.4 %), а најнизок во Североисточен Регион (18.7 %), односно на жителите во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце. 

    Истите показатели се добиени и во однос на исплатената нето-плата по вработен за 2022 година, при што повторно највисокиот просек е регистриран во Скопскиот регион (13.4 %), а најнискиот во Североисточен регион (18.6 %).

    Просечна исплатена нето-плата во Североисточниотрегион во 2022 година, според ДЗС, изнесува 25.926 денари, наспроти државниот просек од 31 859 денари. Највисоки плати во општините од Североистокот, пак, се забележани во секторот „Информации и комуникации“ - 43 039 денари, а најниски примања имаат вработените во административните и помошните услужни дејности- 20.782 денари. Не се многу подобри ниту платите во делот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 21.006 денари нето плата и другите услужни дејности- 21 468 денари.

    Североисточниот регион има најслаби економски показатели и според невработеноста. Во последните три години, Североистокот бележи највисока стапка на невработеност, која во 2022 година изнесува 31.8 и тоа во урбаниот дел 26.4, а во руралниот 22.9.

    Во однос на учеството во БДП на државата, во 2021 година Североисточниот регион има најмал удел од 4.8 %, додека најголемо учество повторно е забележано во Скопскиот регион и тоа од 44.1 %. Во споредба со просекот на РСМ, пак, поголем БДП по жител имаат Скопскиот, Југоисточниот, Вардарскиот и Источниот регион, додека останатите региони, меѓу кои и Североисточниот, имаат БДП под просекот. Во однос на националниот просек, најмал БДП по жител има Полошкиот регион.

    И Државниот завод за ревизија наведува дека социо-економските и демографски диспаритети помеѓу и во рамките на планските региони не се намалени. Според извршената ревизија на успешност на тема „Рамномерен регионален развој со посебен акцент на демографијата“, утврдено е дека распределбата на средства од државниот буџет не е извршена според утврдениот степен на развиеност. Така, иако на Скопскиот регион како најразвиен му припаѓаат само 7,2% од средствата за рамномерен развој, алоцирани се 26,2%, додека во Североисточниот регион како најнеразвиен наместо 17,3%, распределени се само 8,4% од вкупните буџетски средства во период 2019 -2021 година. Тоа значи дека од предвидените 3.463.016 денари кои му следуваат на Североистокот според утврдениот степен на развиеност, алоцирани се само 783.968 денари по проекти од кои се реализирани 617.492 денари.