×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со гребeн асфалт се поправа патот кон манастирот Карпино

    18.12.2020 13:18 | KumanovoNews

     Жителите на селото Сув Орав и околните села, со помош на ловџиите и планинарите започнаа со поправка на патот до манастирот Карпино.

    Со гребeн асфалт се поправа патот кон манастирот Карпино

    Со поддршка на Општина Старо Нагоричане, патот се посипува со гребен асфалт, кој се вади од магистралниот пат Куманово-Старцин.

    - Наша цел е да овозможиме полесен пристап до манастирот Карпино. Ние правиме колку што можеме, но ни треба помош и поддршка. Затоа апелирам до сите луѓе кои се од овој крај или го користат патот, пред се` превозниците, со камиони и трактори, како и планинарите и ловџиите да дојдат во што поголем број и да ни помогнат во пренесување на гребен асфалт и со работа на терен. Работата е некаде нa половина и треба уште многу за да се стигне до целта. Со полесен пристап до манастирот ќе се создадат услови за поправка на конаците и уредување на целиот комплекс, - вели Трајче Димитриевски, еден од организаторите на акцијата.

    Манастирот Карпино е изграден во 14 век од зетот на српскиот цар Стефан Душан. Денешниот изглед на манастир e од 16 - 17 век. Манастирска црква e  посветена на Воведение Богородичино. Манастирот бил обновен во 19 век.

    Карпино е познато по скрипторска школа од 16 век. Според податоците од Институтот за македонска книжевност, во манастирот Карпино живееле над 300 калуѓери и тој важел како црковно - духовно и културно јадро за овој регион. Оригиналните ракописи, кои сега се наоѓаат во Москва, Софија и во Белград, сведочат за препишувачката школа и за постоење на ќелијно училиште.

    Сега, поради негрижа на црквата и државата, целиот комплек се наоѓа во очајна состојба. Конаците се распаднати, а до црквата тешко се доаѓа поради лошиот и непристапен пат.

    (С.Н.)