Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Крива Паланка ќе добие нов модрен лик и зголемена функционалност на главна градска улица која е најфрекфентната сообраќајница во градот.
Со инвестиција од 40 милиони денари ќе се реализира проектот „Проширување и рехабилатија на централна градска улица од населбата Единство до Соларски Мост“. Средствата се обезбедени од Светска банка и Министерството за транспорт и врски, а министерот Благој Бочварски и градоначалникот Сашко Митовски веќе потпишаа меморандум за негово успешно спроведување.
„Проектот ќе го промени ликот на централното градско подрачје и ќе придонесе за решавање на проблемот со сообраќајниот метеж. Ќе биде нов урбан проект со кој сите ќе се гордееме“, истакна Митовски.
Реконструкцијата на главната градска улица е уште еден капитален проект за урбана и модерна општина за жителите на Крива Паланка.