×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Состојбата со корона во Крива Паланка алармантна, Општинскиот штаб бара полициски час од 19 часот

    10.03.2021 13:13 | KumanovoNews

    Општинскиот кризен штаб од Крива Паланка бара полицискиот час да започнува од 19 часот, наместо од 22 часот, како што стои во препораката на Комисијата за заразни болести.

    Состојбата со корона во Крива Паланка алармантна, Општинскиот штаб бара полициски час од 19 часот

    Ова барање е упатено до Централниот кризен штаб поради алармантната состојба во општината и се поголемиот број на новозаболени.

    Бројката на вкупно заразени со коронавирусот досега достигна 925 лица, од кои 127 се активни, а има и 38 починати. Вчерашниот биланс, пак, изнесува 13 новозаболени и 4 оздравени лица.

    „Неодговорноста и несовесноста кај граѓаните не се менува. За да може Здравствениот дом во Крива Паланка да ги опслужи заболените со домашна терапија, се апелира на поголема одговорност, совесност и емпатичност на сите граѓани“, велат од Општинскиот кризен штаб.

    Донесена е и препорака ОВР Крива Паланка да продолжи со редовни контроли со физичко присуство кај заболените и изолирани лица, а не селективно, и да постапуват поригорозно во однос на изрекување на рестриктивни казнени мерки за непочитувачите на забраната и наметнатите задолженија и обврски.

    Истовремено, Општинскиот кризен штаб бара од Државниот пазарен испекторат (ДПИ) да го покрие теренот на Општина Крива Паланка со испектори од други општини, со оглед на фактот дека сите вработени во ПЕ на ДПИ Крива Паланка се во изолација и нема никаква пазарна контрола на на оваа територија.

    Во меѓувреме, Здравствениот дом работи на надминување на аномалиите со кои се соочува и е препорачано да продолжи со тестирањето со брзи тестови, а ЈП “Комуналец“ со интензивното спроведување на Акцискиот план за дезинфекција на јавни површини.

    (Ж.Ц.)