×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Средното училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка го одбележа 60-годишниот јубилеј

    25.05.2021 09:07 | KumanovoNews

    Со промоција на монографија и документарен филм, СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, синоќа, во Центарот за култура, го одбележа 60- годишниот јубилеј на постоење, воспитување и едукација, во чест на Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“.

    Средното училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка го одбележа 60-годишниот јубилеј

    На свечената академија беа потенцирани успесите и постигнувањата на највисоката образовна установа во Крива Паланка, која денес е современо училиште кое успешно се носи со најдобрите училишта во државата.

    „Работата на просветните работници е благородна. Ги образуваме, воспитуваме и едуцираме учениците да бидат успешни личности. Последните 3 години во училиштето се инвестираше многу во дигитализација на образовниот процес, организираме обуки за професионален развој на наставниот кадар и учествуваме на многу натпревари во државата и во меѓународни рамки, каде бележиме завидни успеси и резултати“, истакна директорката на СОУ „Ѓорче Петров“, Габриела Стаменковска.

    На свеченоста присуствуваа и некогашни ученици, политичарот Тито Петковски и Љупчо Николовски. Петковски е дел од првата генерација на “Ѓорче Петров“ во 1960 година и истакнува дека тогашните средношколци биле носители на општествено-културниот развој на општината. Николовски, пак, вели дека во ова училиште почнал да ги пишува своите први говори, кои му помогнале понатаму во професијата на политичар.

    Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, го честиташе јубилејот и посака училиштето и понатаму да продолжи со образовниот развој и нови успешни генерации.

    „За да се стаса до средното образование во општината, претстоела 100- годишна битка за одобрување на повисок образовен статус во Крива Паланка. Чест гостин сум во училиштето, ги поддржувам и како општина ги стимулираме учениците да стекнуваат нови знаења заедно со учениците од европските држави“, подвлече Мицевски.

    (Ж.Ц)