Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пресрет на новиот јавен повик за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Косово, во Приштина се одржа заеднички состанок на министрите за локална самоуправа на Северна Македонија и на Косово, Горан Милевски и Елберт Красниќи и на градоначалниците од пограничните општини. На состанокот присуствуваа градоначалниците од Североисточниот регион.
„Овој настан има за цел да ги информира градоначалниците од пограничните општини за јавниот повик од околу 3 милиони евра за проекти за прекугранична соработка од ИПА Програмата Северна Македонија-Косово, што ќе биде објавен до крајот на месецот, но и преку директна комуникација да поттикне соработка во различни области од што корист ќе имаат граѓаните и од двете земји“, рече министерот Милевски.
По оваа средба се очекуваат голем број на партнерства меѓу општините од двете земји и квалитетни проекти со кои што во целост ќе се реализираат средствата од ИПА Програмата на Европската Унија.
Во предходниот, втор ИПА програмски период беше воспоставена добрата соработка меѓу општините и беа одобрени 14 заеднички проекти во вкупна вредност од 4,8 милиони евра, средства од Европската Унија. Дванаесет проекти се целосно реализирани а 2 се во фаза на имплементација. Реализиран е и еден стратешки проект, граничниот премин Белановце-Станчиќ, а праксата ќе продолжи и во ИПА 3 програмскиот период за кој што ќе бидат одобрени нови средства од ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.