×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уметност и музика - работилници во Градскиот музеј во Крива Паланка

    20.06.2024 08:10 | Жаклина Цветковска

    Нов циклус уметнички работилници од проектот „Уметност и музика 2024“ започна во ЛУ Градски музеј Крива Паланка.

    Уметност и музика - работилници во Градскиот музеј во Крива Паланка

    Во рамките на проектот ќе се реализираат 4 повеќедневни уметнички работилници од областа на графиката, сликарството и вајарството, водени од истакнати ментори- уметници од Крива Паланка.

    „За почеток е предвидена графичката работилница, која ја води младиот и веќе докажан и истакнат графичар од Крива Паланка, Стефан Младеновски, магистер по уметност. Како ликовна дисциплина која е малку позната и слабо застапена им се прави достапна на младите уметници кои ќе имаат можност да научат нешто повеќе за изработката на линорезот како техника на висок печат“, вели координаторот на проектот Ѓорги Костовски, историчар на ументост во ЛУ Градски муеј Крива Паланка.

    Сликарската работилница ќе ја води академскиот сликар Роберт Цветковски, ликовен педагог и уметник од светски ранг, кој зад себе има 35 самостојни изложби и над 200 групни изложби.

    Скулптурската работилница, пак, е под менторство на академските вајарки од Крива Паланка, Нела Јанковска и Анета Стојчевска. Стојчевска е истакнат педагог и добитничка на годишната награда за скулптура на ДЛУМ за 2023 година. Под нејзино менторство младите уметници ќе го усовршуваат моделирањето, а со скулпторката Стојчевска ќе работат на инсталација во простор, што за нив ќе биде ново искуство.

    Секоја од работилниците ќе трае по неколку дена, а делата на младите уметници, ќе бидат презентирани на заедничка изложба придружена со музички настап на познатиот џез состав Гордан Спасовски трио.

    „Ваквиот вид работилници за вторпат се спроведуваат во општина Крива Паланка и се од особено значење за организиран пристап и достапност на ликовната уметност до младите, но и до сите љубители на ликовната уметност и музика“, вели Костовски.

    Сите создадени дела ќе влезат во постојаната збирка на Градската галерија при Музејот на Крива Паланка.

    Уметничкиот проект е во рамките на богата програма на „Крива Паланка-Град на културата 2024“.