Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вандали деновиве уништиле над 20 садови за смет во Крива Паланка поставени на уредените пешачки патеки во градот.
Тие намерно ги откорнале висечките отпадни садови покрај пешачката патека во Бабин дол и патеката на магистралната улица.
„Како јавно претпријатие надлежно за одржување на јавната хигиена и на јавните зелени површини и пешачки патеки, се соочуваме со сериозен проблем на уништување урбана и комунална опрема. Секој ден , во соработка со локалната власт, вложуваме напори за одржување чиста и уредна животна средина, се трудиме да обезбедиме што повеќе садови за отпад и нивно редовно празнење. Но, одредени поединци се однесуваат десгтруктивно , оштетувајќи ја опремата што е од јавен интерес и набавена со средства од граѓаните, велат од ЈП „Комуналец“.
Оттаму апелираат граѓаните да бидат општествено одговорни и свесни за штетата што се нанесува со ваквите вандалски постапки.
„Доколку забележат намерно оштетување на урбаната и комунална опрема, ги молиме веднаш да ги известат надлежните служби за да можеме навреме да реагираме и да ги санкционираме сторителите“, велат од комуналното претпријатие.
Никола Митовски