×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Градскиот музеј Крива Паланка: Ретроспективна изложба на скулпторката Нела Јанковска

    06.12.2020 09:53 | KumanovoNews

     Во Градскиот музеј на Крива Паланка отворена е ретроспективна изложба на академската скулпторка Нела Јанковска на која е сублимирано 30-годишното творештво на авторката.

    Во Градскиот музеј Крива Паланка: Ретроспективна изложба на скулпторката Нела Јанковска

         Куриозитет е што после цели 22 години Јанковска се претставува на самостојна изложба, и покрај  континуираната уметничка и педагошка работа, професионалниот развој и создавање на бројни дела. Иако, во меѓувреме, има учествувано на бројни групни изложби и ликовни колонии, добиено вредни награди и признанија, Јанковска се издвојува по својата особеност, кроткост и скромност и целосно е предадена на уметноста, наместо на себепромоцијата.

        - Навистина  помина многу долго време од мојата последна изложба во Зимскиот салон на  ДЛУМ. Бев целосно посветена на создавањето, но ова почна да ми се допаѓа, им благодарам на сите што ми дадоа поддршка да се организира оваа ретроспективна изложба, - истакна скулпторката Јанковска.

        На изложбата се претставени вредни скулптури од дрво, бронза, релјефни слики  и други материјали на кои доминира женската фигура што е неисцрпна инспирација на Јанковска. Покрај дрвото што го користи за своите скулптури, авторката  открива и нова оригинална техника за изработка на дела од видео ленти , кои предизвикаа големо внимание во уметничките кругови.

        Изложбата е во организација на Градскиот музеј Крива Паланка, со поддршка на Министерството за култура и општина Крива Паланка.

        Нела Јанковска е родена 1971 година во Крива Паланка. Во 1994 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Стефан Маневски, а од 1995 година е редовен член на ДЛУМ.  Добитник е на наградата за скулптура„Стефан Маневски“ што ја доделува Сојузот на ликовни педагози на Македонија (2005), наградата на ДЛУМ „Јордан Грабул“ (2008) и наградата за сувенир на Крива Паланка. Учествувала на 32 групни изложби и повеќе ликовни колнии  во земјава и странство.

    (Ж.Цветковска)