×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Крива Паланка 31 ученик не може да следи онлајн настава

    23.12.2020 14:48 | KumanovoNews

    Центарот за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентар, организираше онлајн дискусија „Младитe и образованието во време на коронавирус“,  на која учествуваа професори, ученици, психолози, како и претставници на граѓанскиот сектор и на локалните институции.

    Во Крива Паланка 31 ученик не може да следи онлајн настава

    На дебатата се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат сите учесници во образовниот процес, со посебен  фокус на децата и младите, односно на учениците и студентите. Учесниците разменија искуства за добрите и лошите страни на досегашниот тек на образовниот процес, како и предлози за подобрување на наставата во услови на пандемија.

    Градоначалникот Борјанчо Мицевски посочи дека општината прави напори за што поефикасно справување со предизвиците на далечинското учење наметнато од пандемијата.

    - Регистрирано е дека во онлан наставата не можат да се вклучат 31 ученик. Правиме напори да се обезбеди интернет конекција, како и ИТ опрема за овие ученици и веќе имаме одредени резултати. Во меѓувреме даваме поддршка на образованието и преку стипендии, обезбедување на образовни асистенти за лицата со потреченост и други форми, - истакна Мицевски.

    Претставниците на училиштата укажаа на тоа дека за сите деца што не можат да следат онлајн настава се приготвуваат посебни наставни лекции, а се обезбедени и тутори за помош на учениците и нивните родители.

    Дебатата е организирана во рамки на проектот„Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, што го спроведува НВО Инфоцентар, со поддршка на Меѓународниот центар „Улоф палме“ од Шведска.

    (Ж.Ц.)